НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ АЛБАНЦИ ЌЕ ИМ ГИ СКРШАТ РАЦЕТЕ И НОЗЕТЕ НА СИТЕ КОИ ПОНИЖУВААТ АЛБАНЦИ

Со реакција за инцидентот во македонското Собрание, со пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми на Фејсбук се огласи државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири.

-Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе, времето на продавачите на магла заврши, новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги понижат Албанците, напиша Азири, кој во статусот додаде и емотикон со тупаница.