ТРИФУНОВ ГИ ОПЦИ ТИЕ ШТО ГЛАСАА ЗА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ ВО БУГАРСКОТО СОБРАНИЕ

Бугарија ќе го симне ветото за Северна Македонија според условите на предлогот на француското претседателство, одлучи бугарскиот парламент.

Народното собрание на Бугарија гласаше за нацрт-резолуција за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје и отворање на патот за европска интеграција на РС Македонија, јави известувачот на БГНЕС.

Со 170 гласа „за“ бугарскиот парламент го прифати предлогот на Демократска Бугарија да му даде мандат на Министерскиот Совет да го прифати предлогот на француското претседателство за Северна Македонија, против беа 37, а 20 воздржани.

Со одлуката пратениците го потврдуваат ставот дека Бугарија може да поддржи каков било чекор од интеграцијата на Северна Македонија – при услови на ефикасно спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година, гарантирање на правата на Бугарите во РСМ, достапноста на европските гаранции за спроведување на договорите меѓу Бугарија и РСМ.

Европратениците ја обврзуваат владата да ја одобри нацрт-преговарачката рамка предложена од актуелното претседавање со ЕУ, под следниве услови:

– прецизирање на текстот на заклучокот на Советот за да се обезбеди впишување на Бугарите во уставот на РСМ

-подобрување на предлозите со оглед на тоа што ништо во преговарачкиот процес не може да се толкува како признавање од страна на Бугарија на постоењето на македонскиот јазик.

– гаранции за добрососедството останува хоризонтален критериум во текот на целиот преговарачкиот процес.

Претседателот на „Има таков народ“ Тошко Јорданов, веднаш по одлуката на Народното собрание, од собраниската говорница прочита став од лидерот на неговата партија Слави Трифонов, објави БНТ.

„Јас ќе зборувам, но вие ќе го слушнете Слави. ГЕРБ, ДБ, ДПС и ПП штотуку го прифатија предлогот. Имаме нова коалиција – прегрнати се Пеевски, Бојко, Кирил Петков и Христо Иванов. Достоинството и националната самодоверба во мајчина. Ја донесов мојата одлука и денес стана јасно зошто!“ – стои во ставот.

Во текот на расправата пратениците од Преродба кои се против овој предлог на француското претседателство на ЕУ, истакнаа транспаренти со натпис „Македонија е Бугарија“ во Собранието