ГО УБИЛ БРАТ МУ И ГО ЗАКОПАЛ ВО ДВОРОТ ОД СЕМЕЈНАТА КУЌА

0
21

Брат го убил брата си и го закопал во дворот од семејната куќа во селото Гиновце, општина Ранковце.

Според информациите од портпаролот на СВР Куманово Ивана Младеновска, сторителот бил лишен од слобода во текот на вчерашниот ден, откако во Министерството за внатрешни работи била примена дојава за грозоморниот чин.

-Во текот на вчерашниот ден, во 15:15 часот во село Гиновце, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода четириесетгодишниот Ф.А. од селото Гиновце, Општина Ранковце, постапувајќи по пријава добиена во 14:30 часот, според која тој пред неколку недели, по претходна расправија, го усмртил неговиот брат, дваесет годишниот С.Џ. од истото село и го закопал во дворот од семејната куќа, информира Младеновска.