ЗЕКИРИ ЗА ЗАТРУЛ, ИТНО ПРЕНЕСЕН НА ИНФЕКТИВНА

0
18

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири доби уште 30 дена притвор, но како што дознава Телма од извори од затворот, тој во текот на вчерашниот ден со одобрение на судот бил префрлен на Инфективната килинка во Скопје.

Барањето било доставено уште минатата недела, а Кривичниот суд, откако бил известен за влошеното здравја на Зекири, во најбрз можен рок одобрил негово лекување во соодветна медицинска установа.

Зекири како поранешен генерален секретар на владата е соомничен дека извршил злоупотреба со исплата на средства за кампања на хрватска фирма во зделка договорена без тендер. Судот денеска по втор пат му го продолжи притворот од месец април.