ИВО КОТЕСКИ СТАНА УПРАВИТЕЛ НА ХОТЕЛ МЕРИОТ

0
30

Иво Котевски, поранешниот портпарол на Министерството за внатрешни работи, е назначен за нов директор на компанијата сопственик на „Мериот“, хотелот со убедливо најголеми приходи во земјата.

Пред две недели Котевски е назначен за нов управител на Хотел Гранд М, компанијата која управува со „Мериот хотел Скопје“, на местото на Дарко Дракуловски. Тој го потврди својот ангажман, но не сакаше да даде изјава.

Обвинителството за организиран криминал и корупција пред два месеци замрзна голем имот на поранешниот шеф на тајкната полиција Сашо Мијалков, којшто е осомничен во судскиот процес „Империја“. Во замрзнатиот имот се и уделите во познатиот скопски хотел на Плоштад Македонија.

Хотел Гранд М“ е најголемата хотелиерска компанија во земјава според остварените приходи. Во партнерска сопственост е на две фирми: „Дивелоп Груп“ и „Бест Веј инвестмент“.

Котевски беше помошник-министер за односи со јавноста на Министерството за внатрешни работи (МВР) до 2015, а потоа ја презеде функцијата директор на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Котевски претходно остварувал политичко-партиски функции, но никогаш до сега не раководел некој бизнис. Тој беше повикуван на информативен разговор во неколку случаи на поранешното Специјално јавно обвинителство.

Преземено од Фактор.мк