ИЗЛОЖБА ВО ТЕТОВО НА ТЕМА ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

0
25

Последното истражување на центарот за еднакви можности Бубамара, покажа дека речиси 66 насто од анкетираните девојки, примиле пораки од момчиња или мажи, кои содржеле разни форми на сексуално вознемирување, говор на омраза, закани и навреди.

На тетовскиот плоштад денеска беше поставена изложба на сатирични слики, насловена без име, преку која беше упатена порака дека насилниците имаат имиња, и треба да бидат казнети, а институциите да бидат поажурни.

Целта е да се поттикнат жените и девојчињата да пријавуваат вознемирување на социјалните мрежи.

Извор Телма