ИЛИ ЌЕ СЕ БОРИМЕ ИЛИ ЌЕ ЈА НЕМА МАКЕДОНИЈА, ПОРАЧА МИЦКОВСКИ ОД ПРОТЕСТОТ ВО СКОПЈЕ

0
30

Доаѓа крајот на овие нечесни луѓе од владата какви во последните 30 години не сме виделе, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од говорницата пред Владата на големиот митинг под мотото „Премногу е“.

Тој им се обрати на илјадниците граѓани, членови и симпатизери на партијата и на коалциските партнери на ВМРО-ДПМНЕ кои вечерва дојдоа на митингот на најголемата опозициска партија:

-Подавам рака за овој договор, заедно да ги менуваме работите на подобро. Промени мора да има. Знајте оваа битка ја водам и за вас, и за вашата подршка секојдневно копнеам. Оваа поддршка се смета во процесот за промена на оваа власт, рече Мицкоски.

Тој власта ја нарече разуздана, криминална и предавничка.

-Му се обраќам и на премиерот кој се смее дека оваа земја била Западна Бугарија. Нека знае премиерот дека оваа земја, била, е и ќе остане нашата мила мајка Македонија. Тоа е таа огромна љубов која ја сакаме до болка, за која мечтаеме до последен здив. Ова е Македонија, ова е нејзиниот народ, Победуваме!, порача Христијан Мицкоски.

-Луѓето ми велат зошто толку си се насочил кон реушење на власта кога можеш да се иселиш од тука. Суштината зошто сум тука е повеќекратна. Владата е единствен причинител на сите наши несреќи и колективни разочарувања. Тука сме и поради причината кои сме и зошто сме тука, рече Мицкоски вечерва.

-Народот сака борба, сака да се избори за својата Македонија, нагласи Мицкоски додавајќи дека заедничката борба за Македонија зошто другиот избор е Македонија да ја нема, да не постои.

Или ќе се бориме и победиме или ќе ја нема Македонија, мора ова да му биде јасно на секого!, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.