КОВАЧЕВСКИ ПОБАРА БЕЗУСЛОВЕН СТАРТ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ, НЕ МОЖЕМЕ ДА БИДЕМЕ ЗАЛОЖНИЦИ И ДА ОЧЕКУВАМЕ ДАЛИ ЌЕ ИМА ИЛИ НЕМА ДАТУМ, ВЕЛИ ТОЈ

0
37

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски побара безусловен старт на преговорите со Европската Унија не криејќи ја амбицијата, одлуката за тоа да се случи веќе на претстојниот самит на ЕУ на 23 јуни во Брисел.

„Македонија има направено се за да се случи првата меѓувладина конференција со ЕУ. Доколку се работи, а се работи по мерит систем на заслуги, Македонија заслужува прва меѓувладина конференција. Ние не можеме постојано да бидеме заложници на самитите на ЕУ и да очекуваме дали ќе има или ќе нема датум. Тоа сега зависи од 27 земји на ЕУ, односно имаме ситуација кога една земја членка на ЕУ држи како заложници две земји кандидати за членство на патот кон ЕУ. Огромна е поддршката на Германија за прогрес во евроинтеграциите и благодарни сме поради тоа, нагласи премиерот Ковачевски.

Меѓутоа, додаде Ковачевски, постои една голема разлика помеѓу нас и Бугарија и ова прашање за нас, рече тој, беше прашање на преговори заради отпочнување на преговори со ЕУ.

„Ние во ниту еден момент како Влада и како владејачко коалиција прашање не го инструментализиравме и не го политизиравме заради дневни политички поени или водење на внатрешна политика во државата. Сосема спротивно на тоа во Бугарија ова прашање беше издигнато на ниво на внатрешна политика во нивната држава. Често пати беше еднострано инструментализирано и политизирано што не е добро. И затоа од тој аспект не би сакал да ги коментирам претпоставките што се појавуваа во медиумите за одредени барања на бугарската страна со оглед на тоа дека сите барања, сите отворени прашања се предмет на разговори помеѓу МНР“, нагласи Ковачевски.