КОГА ЌЕ ДОЈДЕ ВРЕМЕ ПОДГОТВЕН СУМ ЗА СОСТАНОК СО СКОПЈЕ И СОФИЈА ВЕЛИ МАКРОН

0
27

По разговорите со бугарскиот претседател Румен Радев и премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, Елисејската палата потсети оти Франција, која претседава со ЕУ до 30 јуни, веќе неколку недели ја поддржува потрагата по решение за спорот меѓу двете земји, што ќе придонесе за добрососедски односи и ќе ја консолидира европската перспектива на Северна Македонија, како и почитување на основните права на граѓаните кои изјавуваат дека припаѓаат на други заедници или на малцинства

Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека кога ќе дојде време за тоа, подготвен е да ги пречека властите на Бугарија и Северна Македонија во Париз, со цел склучување билатерален договор кој ќе овозможи отпочнување на преговорите за пристап на земјава во Европската Унија.

Макрон синоќа разговарал со бугарскиот претседател Румен Радев и премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, по што од Елисејската палата потсетија оти Франција, која претседава со ЕУ до 30 јуни, веќе неколку недели ја поддржува потрагата по решение за спорот меѓу двете земји.

За време на разговорите, францускиот претседател ја изразил својата целосна поддршка за договор меѓу двете земји, кој ќе придонесе за добрососедски односи и ќе ја консолидира европската перспектива на Северна Македонија, како и почитување на основните права на граѓаните кои изјавуваат дека припаѓаат на други заедници или на малцинства.