КУПИШТА СМЕТ ПРЕД ВЛЕЗОТ НА ПРАВОСЛАВНИТЕ ГРОБИШТА ВО ТЕТОВО

0
39

Мини диви депонии се вообичаени слики пред градските православни гробишта во Тетово. Претходно на горниот ,а сега на влезот кај капелата, стотина тони разновиден отпад ја загушува дел од тетовската населба Поток. Од Општина Тетово, велат дека постојано се чисти и се казнува, но несовесни граѓани и натаму фрлаат.

Комунален отпад, мебел, шут, пцовисани животни пред горниот влез на градските православни гробишта. И така е се години. Покрај депонија на високи температури тетовци кои живеат во ова мало, стравуваат за своето здравје.Од купиштата тони отпад, смрдеата и заразата велат е насекаде околу нас.
Анкета

Се чисти, можеби не толку редовно, но бадијала, за еден ден повторно никнува депонија. Само казни и надзорни камери, може да го реши проблемот.

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами, вели дека инспекции се на терен и казнуваат. Но, за почист град потребно е почесто граѓаните да пријават загадување на околината.

И во останатито дел од градот, сликата не е подобра. Наталожен отпад околу контејнерите е се почеста слика

Следува видео прилог за проблемот со сметот пред православните гробишта во Тетово