МЕДВЕДЕВ – ЕВРОПСКИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА ЖАБИ, ШПАГЕТИ И КОЛБАСИ ДОЈДОА ВО КИЕВ

0
38

Поранешниот руски претседател Дмитри Медведев, сегашен заменик претседател на Советот за безбедност на Русија, твитна дека посетата на Емануел Макрон, Олаф Шолц и Марио Драги на Киев нема да ја однесе Украина поблизу до мир.

Тој притоа ја нарече лидерската тројка „европски љубители на жаби, колбаси од црн дроб и на шпагети“.

„Европските љубители на жаби, колбаси од црн дроб и шпагети, обожаваат да доаѓаат во Киев. Со нула корист од нив. И ветија на Украина членство во ЕУ и стари хаубици и си заминаа дома со воз, како пред 100 години. Тоа е во ред. Но нема да ја доведат Украина поблиску до мир. Времето истекува“, рече Медведев во твитот по повод посетата на европската тројка лидери.