МИРЧЕ БЛАЖЕСКИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФК ТЕТЕКС

0
35

Мирче Блажески е нов претседател на ФК Тетекс. Потпретседатели се Стојмир Урошевиќ и Борче Мирчевски.Бојан Захариев ќе ја извршува функцијата тим менаџер и ќе биде задолжен за тренирање на првата екипа, како и за целиот спортски дел.

-Најпрво сакам да се заблагодарам на собранието на клубот за довербата која ми ја укажа да застанам на чело на еден од најголемите македонски клубови. Првата цел ќе ни биде клубот да го отвориме за сите спортски работници и за оние имиња кои нешто значат во фудбалско Тетово. Во изминатиот период клубот беше затворен, тешко можеше да се дознае што се случува со потесното раководство, но и јавноста немаше увид што се случува во клубот. Акцент ќе биде ставен на младинската школа која треба да се развива и да го врати стариот сјај, истакна Блажевски.