МНР СО ОСУДА И ВЕРБАЛНА НОТА ЗА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА ВО БУГАРСКОТО СОБРАНИЕ

0
35

Министерството за надворешни работи на Република Македонија најостро ги осудува вчерашните написи „Македонија е Бугарија“, кои можеа да се видат во рацете на дел од пратениците за време на заседанието за првата точка на Народното собрание на Република Бугарија, но и усмено пренесени од говорница, за време на истата седница.

Таквите пораки се спротивни на европските демократски вредности, но и противни на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и не придонесуваат во негувањето на принципите и духот на Договорот.

Македонија очекува официјалните претставници на Бугарија да го осудат експлицитниот говор на омраза и територијалните претензии кон Македонија, како крајно непримерен акт кон соседна пријателска држава.

Министерството за надворешни работи на Македонија врачи соодветна вербална нота со оваа содржина до бугарското Министерство за надворешни работи.