НАД 500 ЛИЦА ОД ТЕТОВСКО СЕ ВРАБОТУВААТ ПРЕКУ МЕРКАТА САМОВРАБОТУВАЊЕ

0
33

Над 500 лица во годината добиваат работа во тетовскиот регион преку мерката за самовработување. Интересот за аплицирање е од година вгодина се поголем. Целта е формализирање на бизнисите, кои подолго време голем дел од нив работеле на црно.

440 лица се пријавиле во Центарот за вработување Тетово за мерката самовработување, или 10 % повеќе во споредба со лани. Интересот расте секоја година. Преовладуваат апликации за занаети ,угостителство, трговија, но има и нови бизнис планови, кои досега не биле воопшто на листата, како фирми за планински туризам. Колку од овие бизниси опстануваат нема анализа, но проценките се дека голем дел од нив не ставаат клуч на фирмата, a некои ја прошируваат дејноста.

Следува видео прилогот на МРТ за мерката самовработување