ОСВЕН ВНЕСУВАЊЕ НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ, ИМАМЕ УШТЕ ДВЕ БАРАЊА КАЖА ПЕТКОВ

0
24

Бугарија има три јасни барања за напредок по прашањето на евроинтеграциите на Северна Македонија кои се однесуваат на почитување на рамковниот став што го усвои бугарскиот парламент, потоа вклучување на Бугарите во уставот на Северна Македонија за заштита на нивните права и спроведување на Договорот за соседство, порача бугарскиот премиер Кирил Петков по денешната средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји во Софија.

„Тоа е суштина на нашите разговори со еврокомесарот и досега и сега. За тоа му благодарам на комесарот“, изјави Петков за бугарските медиуми.

„Сè уште нема решение, што е многу фрустрирачко за нас, бидејќи не можеме да продолжиме со пристапниот процес“, возврати комесарот Вархеји.

Вархеји истакна оти сè уште чека на поддршка од Бугарија и на тоа е посветен во разговорите при посетите и на Софија и на Скопје.

„Сакаме, конечно, ќе се разјасни и зајакне европската перспектива за Северна Македонија. Би сакале да видиме договор во јуни, затоа денеска имам средби со премиерот Петков, со министерката за надворешни работи Генчовска и со претседателот Радев“, додаде Вархеји пред бугарските новинари.