ОСМАНИ ГО БРАНИ РАМА, ВЕЛИ ТОЈ Е ОСТАР КОН БУГАРСКАТА ПОЛИТИКА, ОСОБЕНО КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ

0
28

Македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи синоќа ја коментираше шегата на претседателот на албанската влада Еди Рама, кој за време на самитот на Југоисточна Европа во Солун, додека грчкиот премиер Мицотакис на германскиот канцелар Олаф Шолц му ги претставуваше гостите, го нарече премиерот Димитар Ковачевски премиер на „идна Западна Бугарија”.

-Премиерот Рама беше многу остар кон бугарската делегација во Солун, дотолку што и тие се вознемирија, посебно кон прашањето за Македонија, велејќи дека ова што го прави Бугарија е голем срам, прокоментира Османи во емисијата „Клик плус“.

Според него, пред да ја каже шегата, Рама жестоко ја бранел Македонија.

-Секако дека и Албанија е жртва на ова, но ви кажувам дека Рама беше отворен во неговите критики, фактички тој кажуваше нешто што ние не можеме поради одржување на процесот жив. Рама не е должен толку силно да ги подржува нашите ставови, а тоа сите што беа таму го видоа, затоа мислам дека оваа критика кон него е бесмислена и некоректна. Секој кој ја следел неколку часовната дебата внатре ќе знаат која беше целта на тој сарказам. Јас можам во името на владата само да се заблагодарам за силната поддршка која таму ни ја даде премиерот Рама, појасни Османи.