ОСМАНИ И ПЕТКОВ ОСТАНАЛЕ БЕЗ СПИЕЊЕ, РАЗГОВАРАЛЕ ДО РАНО НАУТРО, АМА НЕ ПОСТИГНАЛЕ ДОГОВОР

0
19

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во вчерашното гостување на ТВ 21 откри дека вчеравечер до рано изутрина преговарале со бугарската страна, но нема никаков договор.

-За секој проблем постојат решенија и токму за тие дискутираме. Но, некои од решенијата не ја добиле потребната потврда, затоа моментално немаме никаков договор со Бугарија, ниту потпишан, ниту усмен. Но, мислам дека има сè уште надеж, има политичка клима за ова да се случи, доста работевме на ова и мислам дека во добар правец. Сите политички фактори во земјава сме на истата страна. На пример, вчеравечер до рано изутрината преговаравме и разговаравме со бугарската страна и за тоа ги информирав и премиерот и претседателот на државата, сте сме на иста линија, изјави Османи.