ОСТАВКА НА КОВАЧЕВСКИ ОТИ СЕ СМЕЕ КОГА РАМА ЈА ПОНИЖУВА МАКЕДОНИЈА, БАРА ВМРО ДПМНЕ

0
24

По снимката објавена од Солун, на која може да се види и слушне како албанскиот премиер Еди Рама се пошегува на сметка на македонскиот премиер Димитар Ковачевски нарекувајќи го „иден премиер на западна Бугарија“, денеска реагира ВМРО-ДПМНЕ со соопштение преку кое го повикува Ковачевски да даде оставка.

Димитар Ковачевски не го штити, туку го продава македонскиот идентитет и Македонија. Едно зборува пред камерите, а зад камерите гледаме како се смее и одобрува Македонија да се нарекува западна Бугарија. Ковачевски и ова СДСМ се антидржавни елементи преку кои Македонија доживува понижувања.

Во стилот на измеќар од Македонските народни приказни го видовме како се смее и одобрува едно од најголемите понижувања за Македонија. Еден Заев се замени со друг, во ликот на Ковачевски. Потребно е Ковачевски поради оваа скандалозна изјава веднаш да си даде оставка и да се извини“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на својот фејсбук – профил напиша:

Еди Рама државата ни ја нарекува ,идна западна Бугарија , а премиерот Ковачевски се смее слатко! Тоа што го кажува Рама значи дека Македонија ќе биде окупирана од Бугарија и ќе стане западна Бугарија . И на тоа првиот човек на Македонија која се понижува пред негови очи и уши од Еди Рама слатко се смее! Се смее! Какво понижување, какво газење на се што е Македонија! Оставка веднаш!