ПЕНДАРОВСКИ ГО СОВЕТУВА КОВАЧЕВСКИ ДА НЕ ОДИ ВО БРИСЕЛ САМО ДА СЕ СЛИКА И ДА ГИ ТРПИ ПОНИЖУВАЊАТА

0
24

Претседателот Стево Пендаровски смета дека премиерот Димитар Ковачевски не треба да оди во Брисел на Самитот на ЕУ ако ситуацијата се одвива како и до сега.

-Јас го советувам да не оди. Пред неколку дена разговаравме на таа тема и мојот совет беше дека ако вака се одвиваат работите и ако Бугарите вчера доставиле пет нови барања на КОРЕПЕР само, надвор од овој сет на нивни небулозни тврдења од претходно, што ќе правиш ти во Брисел, само да се сликаш. Не ме бендисува што се прави координација во рамки на Отворен Балкан колку што гледам, бидејќи тоа е регионална организација со економска компонента, а ова се политички консултации. Ние треба наша национална, автономна одлука да донесеме дека ако вака оди денеска, утре, задутре, нашиот премиер што ќе бара во Брисел. Замислете, самит ЕУ-Западен Балкан кога целиот регион, ние пред сè, не напредуваме, само да се сликаме. Вчера на КОРЕПЕР бугарската страна изнесува пет нови барања кои се радикално полоши од претходните, а и тие не беа убави. Да се брише автоматизацијата (веднаш по промена на Уставот, н.з.), во делот на јазикот нивното барање од вчера е дека не се доволни унилатерални изјави за јазикот, велат – ние бараме нашето толкување да добие еднаква правна сила со рамката, што не е можно“, изјави Пендаровски во вечерашното гостување на „24 анализа“ на ТВ24, кај новинарката Биљана Секуловска.

Шефот на државата кажа дека вчера имал и долг телефонски разговор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кој ги изнеле своите ставови на оваа тема и порача дека доколку дојдеме во ситуација да одиме кон промена на Уставот, потребно е да се слушне и опозицијата што мисли