ПЕНДАРОВСКИ – МОДИФИКУВАНИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ДАЛЕКУ ПОДОБАР ОД ПРЕТХОДНИОТ

0
20

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски во изјава за „Сител“ кажа дека модификуваниот француски предлог, кој пристигна во Скопје, е далеку подобар од претходниот.

„Можам да ви кажам дека модификуваниот француски предлог е далеку подобар за нас од претходниот. Дали е тоа доволно добро, засега ќе се воздржам. Не смееме да ја повториме грешката од минатиот пат. Не може никој – не претседател, премиер или некој друг да зборува во име на цела нација, постојат надлежни институции кај нас“, кажа Пендаровски.

Пендаровски кажа дека мора да искомуницираат со граѓаните пред да се донесе конечната одлука, а исто така мора да имаме гаранција за македонскиот идентитет и гаранција дека никогаш јазик, националност нема да биде споменато никаде од сега, па во иднина без разлика колку ќе траат преговорите.