ПОРФИРИЈ ГИ ПОВИКА СРБИТЕ ДА ГРАДАТ МИР СО БРАЌАТА АЛБАНЦИ

0
112

Патријархот на СПЦ, Порфириј ги повика Србите на „мир со браќата Албанци“ во Косово.

Тој денешната литургија по повод еден од најголемите празници на српските православни верници, Видовден, ги повика неговите сонародници на „мир со браќата Албанци“, јави дописникот на МИА од Приштина.

На литургијата во манастирот во Грачаница во Косово, Порфириј порача дека соживотот со Албанците е неопходен и дека „не треба да се слушаат другите за тоа како треба да се градат пријателските односи со Албанците“.

„Единствено во заедништво можеме да бидеме на Божјиот пат, затоа што сите сме му потребни еден на друг и затоа што никој не може да направи ништо без никого… Да не дозволиме другите да не учат за тоа“, рече поглаварот на СПЦ.

Косовските медиуми наведуваат дека Порфириј користел „националистички речник“, кога рекол дека „Косово е местото каде што е родено сé српско“.