РАДЕВ – НЕ МАЛЦИНСТВО ВО УСТАВОТ, БАРАМЕ РАМНОПРАВНОСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ БУГАРИ

0
23

Навистина напредуваме, промената на Уставот за РС Македонија е веќе прифатено да се случи и треба прво да се смени уставот па дури потоа да почнат преговорите со ЕУ, рече денеска бугарскиот претседател Румен Радев.

– Билатералните прашања треба да се покренат на ниво на ЕУ во преговарачката рамка. Ова не е само билатерален спор околу историјата, тоа се прашања кои се однесуваат на темелите на ЕУ и по многу состаноци и убедувања европските партнери конечно сфатија дека пристапот за решавање на овие прашања е во европските рамки. Рамноправност на македонските бугари заедно со другите народи, а не малцинство, никогаш не сме зборувале за малцинство – вели Радев, кој е во Латвија, пренесе БГНЕС.

Тој додава дека „Владата и Народното собрание треба да решат дали билатералниот протокол со Скопје доволно го брани бугарскиот интерес, за отсега на негова основа, да се градат преговарачки односи.

Ова е клучот за правично решавање на проблемот, вели Радев.

Според него сегашниот пристап кон прашањето води кон блокирање и неможност да се донесе одлука за Македонија. Како што вели бугарскиот претседател, „одлуката треба да ја донесе Владата и парламентот да ја одобри, а не обратно“.

– Едно е јасно, во моментов нема време да се укине ветото, нема шанси тоа да се случи сега. Затоа што овој протокол мора да го усвои и бугарскиот парламент и парламентот на РСМ. Ако нема јасни механизми со мерливи критериуми, тогаш тоа не е решение – додаде Радев.

Слободен печат