РУСИТЕ ОСУДИЈА НА СМРТ ДВАЈЦА ЗАРОБЕНИ БРИТАНЦИ

0
84

Судот во самопрогласената проруска Народна Република Доњецк ги осуди на смрт двајцата британски и еден марокански доброволец заробени од руските сили во Мариупол, објавија руските прорежимски медиуми.

Судот на територијата под руска контрола во источна Украина ги осуди Ејден Ајслин и Шајн Пинер по судењето кое траеше само неколку дена. Набљудувачите велат дека станува збор за монтиран процес со кој се обиделе да го имитираат судењето за воени злосторства на руските војници во Киев.

Ајслин (28) и Пинер (48) биле осудени на смрт заедно со Мароканецот Сауди Брахим за „тероризам“.

И двајцата Британци рекоа дека служеле во единица на украински маринци, што ги прави активни членови на војската и дека треба да бидат заштитени со Женевската конвенција како воени заробеници. Меѓутоа, руските прорежимски медиуми ги опишаа како „платеници“ и како такви се осудени пред судот на проруските сепаратисти.

Руската прорежимска новинска агенција РИА Новости вчера објави видео на кое се гледа како Британците потврдно одговараат на прашањето дали се изјаснуваат за виновни за тероризам, извршување на злосторства во рамките на криминална организација и насилно преземање на власта.

Се верува дека Русија го користи ова судење за да изврши притисок врз Британија и да изнуди размена на руски затвореници осудени за убиства и воени злосторства за време на руската инвазија на Украина. Во Русија, инаку, има мораториум на извршување на смртната казна, но не и на териториите што Русија ги окупира во источна Украина.

Во соопштението за печатот издадено претходно оваа недела, семејството на Ајслин рече дека тој служел во украинските маринци речиси четири години и „не е, и покрај пропагандата на Кремљ, ниту платеник ниту шпион