ТППЕ – ТЕТОВО – МАЛКУ ФАЛЕШЕ ПОЛА ТЕТОВО ДА ГО СНЕМА, ГО СПАСИВМЕ СИСТЕМОТ СО ГАС ДА НЕ ПЛАМНЕ

0
34

Воздухот во Тетово се рачисти, откако целосно се изгасна пожарот во тетовската фабрика. Но постои ризик истиот повторно да пламне од отпадниот материјал кој е лесно запаллив.Тој треба да се острани, откако надлежните ќе извршат увид. Пожарникарите со крајни сили се уште го контролираат објектот. Но, останаа без доволно опрема која се уништи во борбата со огнената стихија.

Ова се купиштата илјадници тони отпаден материјал, претежно железо од изгорените хали од фабриката Пофикс. Пожарот е изгаснат, но пожарникарите со дежурства и контроли внатре. Се работи остатоци од вжетен материјал, кој стои на високи температори ,а ризикот да пламне оган и натаму е присутен.

Авни Амети кој два дена се бореше со огнената стихија, вели дека најголем успех е што пожарникарите спречија проширување на пожарот кон соседните хали кои се поврзани со систем со гас, чија базна станица се наоѓа на стотина метри. Експлозијата на гасот би предизвикал катастрофа од широки размери, половина град би бил во пламен, вели Амети.

ЦЕЛАТА ВИДЕО СТОРИЈА ПОДОЛУ ВО ВИДЕО ПРИЛОГОТ НА МРТВ.