ШТРАЈК НА ЈАВНИОТ СЕКТОР ВО ТЕТОВО

0
24

Јавниот сектор во Тетово со штрајк, но и едночасовен протест на улица пред нивните работни места, го изразија револтот од како што велат, ветеното, а нереализирано линеарно покачување на платите и правото на к 15.

Институциите ќе работаат со 10 % од капацитетот, но во Клиничката болница и Здравствениот дом Тетово сите пациенти, на кои им е неопходна лекарска помош ќе бидат примени и услужени.

Штрајкуваа и протестираа и вработените во Општина Тетово чиј синдикат е член на УПОЗ.

Штрајкот ќе продолжи и наредните денови, се додека се прифатат нашите барања, или добиеме друга насока од ССМ, пососочија вработените во Јавниот сектор.

ВИДЕО ПРИЛОГ НА МРТВ ЗА ШТРАЈКОТ ВО ТЕТОВО