ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ПРОГРАМА ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ

0
21

По многуте проблеми со кучињата скитници, со кои беше нарушена слободата на движење на граѓаните, сакаме да Ве информираме дека општина Тетово на 31.05.2022 година распиша оглас за јавна набавка за „Програма за спроведување и решавање на проблемот со бездомните животни. “, програм кој опфаќа решавање на проблемот со кучињата и другите бездомни животни во нашата општина (заловување и грижа за кучињата скитници, здравствен третман и нивно вдомување), објави на својот официјален Фејсбук профил градоначалникот на Општина Тетово БИЛАЛ КАСАМИ

На јавната набавка можат да учествуваат сите заинтересирани. Понудите и планот треба да се достават најдоцна до: 15.06.2022 година до 10:30 часот.