ПОПЛАВЕНИТЕ МАЛА ВО ТЕТОВСКО НИКОЈ НЕ ГИ ЧИСТИ, СЕ УШТЕ МИРИСААТ НА ФЕКАЛИИ

0
22

Поплавените мала во Тетово и по речиси една недела се уште мирисаат на фекалии. Јавните површини неисчистени и недезинфицирани. Излевањето на водата после секој пороен дожд, која е често е помешана со фекалии е резултат на недоволниот капацитет на канализационите мрежи. Општината со најава за решавање на проблемот

По невремето кое го зафати Тетово ,луѓето работно ја креваат песокта и земјата која ги донесе поплавата. После секој пороен дожд е вака велат. Чистиме сами, а властите никаде ги нема да извршат дезинфекција во поплавените мала.

Поплавата е резултат на недоволниот капацитет на атмосверската канализација, кој е запушена со разновиден отпад, а често во неа се приклучени и отпадните води од домаќинствата. Најкритично е во населбите околу тетовската касарна.

Од Општина Тетово, потврдија дека атмосверските и фекалните води се прелеваат и се со недоволен капацитет. Најавија решавање на проблемот преку проекти на УНДП и Европската Унија

Касами истакна дека општината започнала со дезинфекција во населбите, која ќе продолжи со поголем интензитет. За ваквите активности се обратил за помош до владата, од каде како што рече се уште не добил одговор.