Радев има проблеми да најде министри за службената влада

Бугарскиот претседател Румен Радев е во потрага да најде министри за третиот службен кабинет во 15 месеци. Бугарските медиуми јавуваат дека многу луѓе што тој ги поскувал за службени министри му откажале, но некои и брзо прифатиле , особено оние што се во опозиција во Бугарската социјалистичка партија (БСП) и нејзината лидерка Корнелија Нинова.

Радев треба да го распушти парламентот на почетокот од идната недела и веднаш да го соопшти кабинетот што ќе ја води земјата до изборите кои треба да бидат на почетокот на октомври.

Медиумите во Софија објавуваат кои се најверојатните нови службени министри, но сето тоа со нагласка дека не може да биде со сигурност.

Луѓето кои Румен Радев ќе ги избере и приоритетите што ќе им ги додели во голема мера ќе покажат каква политика ќе води следната влада. „Медијапул“ пишува дека ако се суди според досегашните позиции на претседателот Радев, очекувањата се дека ќе има промена на курсот во правец на Русија и дистанцирање од евроатлантските определби на кои цврсто застана кабинетот на Кирил Петков.

Според информациите на „Медијапул“, Румен Радев овојпат има одредени проблеми со изборот на министри, бидејќи дел од поканетите се воздржале од учество поради стравувањата дека претседателот може да претера во реваншизмот кон владата во заминување. Само денеска дел од предложените министри одбиле да учествуваат во кабинетот на Радев.

Но според повеќето информации, службен премиер ќе биде Галаб Донев, поранешниот министер за социјални работи. Во моментов тој е секретар за демографија и социјални политики на претседателот Радев. Донев беше дел и од претходните служебни кабинети на Радев.

Министер за правда се очекува да биде Крум Зарков, кој на почетокот од оваа година влезе во битка за лидер на БСП, но беше поразен од Нинова. Министер за економија се споменува Димитар Данчев, кој во моментов е заменик-министер токму на Нинова, но нивните одси биле прилишно нарушени.

Радев го подготвува за министер за одбрана главниот секретар на неговиот кабинет – Димитар Стојанов. В овој ресор, но како заменик-министер би требало да стане досегашната министерка за надворешни работи Теодора Генчовска.

Според бугарските медиуми важен знак какви ќе бдат приоритетите на овој кабинет на радев е кој ќе биде министер за надворешни работи. Еден од кандидатите е Марин Рајков, амбасадор во Велика Британија. Но тој има конфликт на интереси за оваа функција, бидејќи во Министерството за надворешни работи работат и неговиот син и снаа. Некои медиуми веларт дека службен шеф на дипломатијата повторно ќе биде Светлан Стоев, а други наведуваат дека тој веќе ја одбил понудата.