АКАДЕМИК БЕЏЕТИ – АКО НЕ НЕ САКААТ ВО МАНУ ЌЕ НАПРАВИМЕ АЛБАНСКА АКАДЕМИЈА

0
27

Ние, АЛБАНЦИТЕ, заедно со Македонците, но и со другите, ја направивме и ја развивавме државата, во некои аспекти и повеќе од нив самите, од Македонците. Прифаќаат или не тие, с.Македонија не е само нивна држава. Претседателот на МАНУ академик Коцарев „повикува’ на отпор кон интеграциските процеси на земјата под изговор за зачувување на македонскиот идентитет, кој инаку не е загрозен. Академик Катица Ќулавкова изнесе предлог за создавање трета Албанска академија, но, ние можеме да се разделиме од МАНУ ВЕДНАШ без двоумење. Ја прифаќаме ‘фрлената ракавица’! Ние веќе сме докажале дека знаеме да направиме научни и образовни институции и подобро од нив!“ – вели академик Абдулменаф Беџети, член на МАНУ и ректор на Штуловиот универзитет во Тетово, во својата колумна со наслов „Македонски академски фрустрации“, која ја пренесоа весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик, објави Слободен Печат.

Повеќе за ставовите на Беџети подолу на линкот.

Беџети: Ако не нѐ сакаат во МАНУ, ќе направиме албанска академија, како што предлага Ќулавкова