АРСОВСКА ГО РАЗРЕШИ БРАТОТ НА ВООРУЖЕНИОТ НАПАЃАЧ ЕНУЗИ ОД ФУНКЦИЈАТА В.Д ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА НА ГРАД СКОПЈЕ

0
33

Директорот Зуди Енузи е разрешен од позицијата вршител на должност на јавното претпријатие Комунална Хигиена.

„Градот Скопје како град на соживот и солидарност не смее да биде центар на насилство и пресметки со огнено оружје и креирање меѓуетнички тензии меѓу нашите сограѓани. Политиката зема замав и во ниту еден случај не смее да влијае на професионалноста на водењето на институциите. И покрај одличното и професионално менаџирање со јавното претпријатие Комунална Хигиена од страна на Зуди Енузи, сепак мојот етички кодекс не дозволува тој да продолжи да раководи со претпријатието. Затоа истиот е разрешен од позицијата вршител на должност“, се цититра во соопштението од Град Скопје ставот на градоначалничката Арсовска.

Причина за оваа итна реакција на скопската градоначалничка беа објавените информации во медиумите дека братот на в.д. директорот на Комунална хигиена од Алијанса за Албанците (АА), Зуди Енузи, Цуфи Кока, пукал во демонстрантите кои денеска маршираа од Влада преку МНР до зградата на Собранието.