БИЉАЛ КАСАМИ СЕ ФАЛИ СО ПРОЕКТИ НА ДУИ И ГИ ПРИСВОЈУВА КАКО СВОИ, РЕАГИРААТ ОД ТЕТОВСКИОТ ОГРАНОК ОД ПАРТИЈАТА НА АХМЕТИ

0
31

Демократската Унија за Интеграција само што заврши еден многу важен деократски и политички процес, на внантрешна реорганизација во неколку ограноци, вклучувајќи го и Огранокот во Тетово, што несомнено ќе донесе нов дух на политичката сцена но и во целокупниот развој на општините и земјата, информираше на пресс конференција Фатон Ахмети претседател на тетовскиот огранок на ДУИ.

Тој се осврна на проектите кои како што рече ДУИ ги реализирала во Тетово, а сега со истите се фали Биљал Касами и ги прикажува како негов успех,додаде Ахмети.

Подолу целата пресс конференција на Фатон Ахмети.

Сакаме да ги увериме нашитe сограѓани на Тетово дека Демократската Унија за Интеграција – Огранокот во Тетово, сега со нови сили и со многу посветеност ќе се погрижи ВАШИОТ глас и вашите потреби да бидат главниот збор на нашето политичко дејствување, против неспособното и некопеметентно општинско раководство, кое нема визија за иднината и развојот на нашиот град.

Сакам денеска пред вас да истакнам дел од капиталните проекти на Демократската Унија за Интеграција, кои претставуваат несомнена вредност во долгорочниот развој на Тетово. Меѓу другото, Демократската Унија за Интеграција преку меѓународните инструменти за финансирање и фондовите на централната власт обезбеди реализација на следните проекти:

– Изградба на првата фаза од булеварот Благоја Тоска преку обезбедување на градежни средства од програмата ТАВ, како и средства во вредност од 500.000 евра за експропријација на имотот на граѓаните.
– Изградбата на школскиот базен во Тетово – проект што го реализира Агенцијата за млади и спорт,
– Изградбата на шеталиштето на реката Пена, проект кој беше истотака реализиран со средствата од програмата ТАВ Македонија.
– Набавка и поставување на полуподземни контејнери на 31 локации низ градот како и набавка на 2 специјализирани камиони – проект е вреден 28 милиони денари обезбедени од грант на Светска Банка.

-Изградба на многу патишта во градот како што се улиците: Страшо Пинџур, Јане Сандански и Сами Фрашери, кои се инвестиции планирани, проектирани и спроведени од Демократската Унија за Интеграција.

Тоа јасно покажува дека ние како политички субјект зборуваме за конкретни дела и проекти, а актуелното раководство, во недостиг на знаење и визија за Тетово, се труди да ги присвои и промовира овие проекти како свои достигнувања.

Еден типичен пример на бледа импровизација во управувањето со општината можеше лесно да се препознае во неспособноста на актуелната администрација предводена од Билал Касами, која неможејќи навреме да ја подготви завршната сметка на општината, резултираше со распуштање на општинскиот совет и организирање на предвремени избори, во многу неповолен момент за државата.

Неуспесите на оваа администрација се многубројни и последователни. Билал Касами наместо да се занимава со конкретни проекти и идеи за подобрување на животот на граѓаните, деновиве ја пречекува нашата дијаспора, со 2 дополнителни пајак возила, чија задача не е да го регулираат сообраќајот во Тетово, туку едноставно да им изнудат пари на граѓаните, преку склучување на сомнителни договори со приватен оператор.

Демократската Унија за Интеграција беше, Е и ќе остане најголемата политичка сила како во државата, така и во општина Тетово. Партија која знае да ги води најважните политички процеси но истовремено и да ги артикулира потребите на граѓаните со многу посветеност, храброст и знаење.