БУГАРСКИОТ ЕВРОПРАТЕНИК КОВАЧЕВ СО ПОРАКА ДО ПЕНДАРОВСКИ – БРАЌАТА МИЛАДИНОВИ БИЛЕ БУГАРИ, НИВНИОТ ЗБОРНИК СОДРЖИ БУГАРСКИ ПЕСНИ

0
16

Европратеникот Андреј Ковачев денеска на својот Фејсбук профил објави текст во кој се реагира на објава на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

Според него, ваквиот пост на Пендаровски или кој било друг официјален претставник на Северна Македонија треба да биде последен напишан на ваков начин.

Со францускиот предлог, почитувањето на Договорот за пријателство и добрососедство ќе биде главен, хоризонтален критериум за напредокот на Скопје на патот на преговорите за членство во ЕУ. Упатувањето во самата преговарачка рамка на протоколите од членот 12 од Договорот ги обврзува македонските функционери да се придржуваат, во нивните официјални настапи, на наративите веќе дефинирани од мешовитата историска комисија за ликовите и настаните од нашата заедничка историја. Секако, за Браќата Миладиновци наскоро ќе расправа мешовитата историска комисија. Тогаш, покрај тоа што имаат големо значење за современата македонска култура, Пендаровски нема да може да го спаси тоа што имаат исто значење за бугарската култура, а пред се нема да може да премолчи дека тие самите ја нарекуваат својата збирка „Бугарски народни песни“, јазикот на кој е напишана – бугарски, а самите за Бугарите“, вели Ковачев.

Тој додава дека на овој начин, верува, ќе се престане со „манипулативните и двосмислени изјави, како оние на самиот Пендаровски за Миладиновци или Гоце Делчев, пред извесно време“.

Па, уште не сум сигурен дали ова ќе им помогне на вистинските бугарофили од левицата и ДПМНЕ, како оние од протестите деновиве, кои пенат од уста на спомнувањето на „Бугарите“, вели Ковачев.