Бугарското МНР го покани Османи денеска, утре или задутре на средба

0
30

Бугарското МНР го покани Бујар Османи денес, утре или задутре да присуствува на годишниот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија во Банско. Теми на дискусија, како што е наведено во поканата, се имплементацијата на Договорот за добрососедство и усвојување мерки за зацврстување на билатералната соработка во сите сектори.

Шефот на дипломатијата за Канал 5 потврди дека нема да отпатува во Бугарија бидејќи во моментов е фокусиран на претстојната собраниска седница на која треба да се дебатира за Францускиот предлог. Вели дека ако е неопходно ќе се одржи онлајн средба, а во меѓувреме експретските тимови на двете министерства се во постојана комуникација.

Османи не одговори дали на средбата било планирано и целосно усогласување и потпишување на билатералниот протокол – ниту кога би бил јавно објавен документот кој јавноста го чека со денови.

Во неговата последна изјава за Канал 5 пред два дена повторно увери дека записникот не задира во идентитеските прашања.

„Протоколот е записник од седница која што се уште не е одржана. За да има записник една седница треба да има седница. Ние во меѓувреме ги усогласуваме мерките којшто тој записник треба да ги има за наредната година бидејќи тоа се протоколите. Тој записник нема да задира во никакви идентитески прашања. Бујар Османи, министер за надворешни работи.