ВМРО НП НЕМА ДА УЧЕСТВУВА НА ИЗБОРИТЕ ЗА НОВ СОВЕТ НА ОПШТИНА ТЕТОВО

0
29

ОК ВМРО НП Тетово на последната седница одлучи да не учествува на престојните избори за нов совет на Општина Тетово.

Одлуката е донесена откако Македонските партии одбиле да се поднесе заедничка листа на Македонски партии со цел зголемување на бројот на Македонци во советот на Општина Тетово.

-Целта е да се спречи одлевањето на македонски гласови, дополнително ВМРО НП не успеа да освои советничко место на претходните избори, затоа сметаме дека е чесно да се поделат советниците, на тие кои освоија советнички места, велат од ОК ВМРО НП Тетово.

Оттаму ги повикаа граѓаните на изборите кои ќе се одржат на 20 август, гласот да го дадат за таа партија за која сметаат дека најдобро ќе ги штити интересите на Македонските граѓани.