БЕКТЕШИ – СЕ ГРИЖИМЕ ЗА НЕВРАБОТЕНИТЕ И РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ ЛИЦА, КОИ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОЕВТИНА СТРУЈА

0
32

Владата помага во креирање на нови работни места преку Агенцијата за Вработување. Само лани 12 000 граѓани добиле работа благодарение на оперативниот план истакна Министерот за економија Крешник Бектеши. Како држава во време на криза помагаме и најранливите категории граѓани , а тоа се покажа преку воведувањето на блок тарифите.

Оперативниот план на Агенцијата за вработување нуди одлични можности за нови работни места, особено за младите лица кои имаат иновативни идеи. Како држава од година вгодина издвојуваме поголеми средства за мерките за вработување, кои доколку би ги започнале преговорите со Европската Унија, 60 % од нив би се субвенционирале од Европските фондови.

Не чека тешка зима вработувањето е приоритет, но и грижата за најранливите категории на граѓани посочи Бектеши. Со воведувањето на блок тарифите значително ќе им се помогне на овие лица.

Министерот Бектеши додаде деко по изгласувањето на ребалансот на буџетот, владата ќе оствари средби со стопанските комори, со кои ќе треба да се изнајде решение за поддршка и помош на стопанството, за периодов што следи.