ВО ТЕТОВО ПРОМОЦИЈА НА ПРВИОТ ДИГИТАЛЕН АРХИВ НА ХРВАТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

0
29

Македонско – хрватското друштво МХД ќе го промовира првиот дигитален архив на Хрвати во Македонија на ден 08.07.2022 година (утре), во хотелот „Лирак“ во Тетово, со почеток во 19 часот.

На настанот ќе се обратат:
– Недиљко Ромац, претседател на МХД;
– Славица Дабевска Кировска, писателка и член на претседателство на МХД;
– М-р Симона Копривњак, претседателка на Хрватски Форум и
– Љубиша Марковиќ, историчар.

Модератор на настанот ќе биде Марко Видачек, генерален секретар на Хрватски Форум, кој воедно ќе ја претстави дигиталната платформа.

За промотивните активности изработени се четири различни постери со илустрации од архивскиот материјал на онлајн платформата: населбата Два Бреста, слика на Томислав Кризнам, 1919/20; скици на „Тетекс“ од 1950-та година од арх. Ѓуро Анцел; како и две разгледници од Тетово и Попова Шапка кои патувале на релација Македонија – Хрватска.

Архивата на Хрвати во Македонија“ претставува дигитализација и систематизација на најзначајните трудови, автори, личности и настани кои го потврдуваат постоењето и успесите на Хрватите во Македонија, но и свесно ја потенцираат историската соработка и врски помеѓу двата народи.

Оваа дигитална платформа има за цел лесно, достапно и визуелно да ги претстави историските факти, контакти и настани.

Македонско – хрватското друштво оваа година одблежува два знајачни јубилеја: 20 години од формирањето на МХД во Тетово и 29 од формирањето на МХД во Скопје, во 1993-та година.