ВО ТЕТОВСКО РАСТЕ БРОЈОТ НА ПОЗИТИВНИ, НЕ СЕ ПОЧИТУВААТ ПРОТОКОЛИ И ПРЕПОРАКИ

0
25

Со доаѓањето на печалбарите се зголеми бројот позитивни на КОВИД 19 во тетовско. Вирусот се пренесува најчесто на свадби и други семејни веселби, каде нема никакви ограничувања, а препораките за носење заштитни маски не се почитуваат. Интересот за вакцинација се уште мал.

Зголемени амбулантските прегледи на пациенти со симптоми на Ковид 19. На инфективното оделение во Тетово, дневно лекарска помош бараат над четриесетина лица. Над 60 % од нив се позитивни на коронавирусот.

Лесната симптоматологија на новите соеви на вирусот не треба да ги олабавува луѓето, велат здравствените работници. Гужвите по рестораните и свадбените веселби го раширија вирусот. Не се почитуваат протоколите и препораките, дури и во здравствените објекти.

И додека расте бројот на позитивни, интересот за примање на трета и четврта бустер доза во вакциналниот пункт во Тетово, деновиве минимално зголемен .

Дневно во вакциналниот пунт во Тетово, се инјектираат до четриесетина вакцини против Ковид 19.