ДЕНЕСКА СЕ ИЗГЛАСА ВО МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ, А УТРЕ ВО СОФИЈА ЌЕ СЕ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛОТ

0
28

Ова ќе следува откако денеска Собранието на Северна Македонија ги изгласа заклучоците за францускиот предлог, а Владата потоа одлучи да го прифати предлогот

Утре во Софија ќе се одржи вториот состанок на мешовитата меѓувладина комисија на Република Бугарија и Република Северна Македонија, јавува БНТ наведувајќи дека шефовите на дипломатиите, Теодора Генчовска и Бујар Османи, ќе го потпишат протоколот меѓу двете министерства.

„Во рамки на средбата ќе се направи преглед на имплементацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и ќе се договорат мерки за негово ефикасно спроведување во следниот период. За таа цел ќе биде потпишал протокол помеѓу министрите за надворешни работи на двете земји, Теодора Генчовска и Бујар Османи“,пишува БНТ.