ДИВИ ТРКИ ВО ТЕТОВО, ОДЗЕМЕНИ ВОЗИЛА

0
26

Секторот за внатрешни работи Тетово откри и времено одзеде три патнички возила поради сомнение дека учествувале во „диви” трки на автопатот Тетово – Скопје, во непосредна близина на Требошки натпатник, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Одземени се „БМВ” со странски регистарски ознаки, управувано од Б.М. (27) од Гостивар, „сеат ибица” со тетовски ознаки што го управувал 28-годишниот А.Ш. од Скопје и „фолксваген голф” со скопски ознаки, управувано од У.С. (21) од Тетово.

Одземена е, исто така, и возачка дозвола од Л.А. (39) од Швајцарија, кој го управувал патничкото моторно возило „бмв”. По целосно расчистување на сите поединости околу случајот, на инволвираните ќе им се изготват соодветни поднесоци