ДОЛГО ВРЕМЕ ДОБИВАВ ИНФОРМАЦИИ ЗА МОЈА ЕЛИМИНАЦИЈА, НО НЕ ПРИДАВАВ ЗНАЧЕЊЕ, ВЕЛИ МИЦКОВСКИ

0
32

Ова вечерва требаше да личи на меѓуетнички конфлит, а всушност е борба за гола власт. Подолго време добивам информации за моја елиминција од власта, но не придавав значење. Вечерва видовме две лица со огнено оружје. Мистериозно се појави група од 10 лица и испукаа истрелни, но за среќа не завршија кон граѓаните, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција во седиштето во партијата за инцидентот кај плоштадот „Скендербег“.

Мицкоски истакна дека „пиштолот од лицето е свртено кон народот“.

-Тој беше насочен за губење на нечиј невин човечки живот. Гледаме криминалци, хушкачи на власта кои одат против народот. Не кажувајте дека луѓето се припадници на една или друга партија. Една директна порака кон Албанците: Ова е заедничка борба за иднина, каква што била низ вековите и каква што ќе ја градиме понатаму, бидејки нема да има колективна среќа ако македонскиот народ биде понижен. Порака до Македонците: Да останеме мирни и достоинствени, знаеме против што се бориме. Нема да отстапам ниту да се повлечам, одиме до крај. Сакам да уверам дека продолжуваме утре во 19 часот, уште помасовно пред Владата, а јас заедно со вас ќе го предводам победничкиот марш до слободна Македонија. Нема чекор назад, одиме со гордо крената глава, рече Мицкоски.

-Дали е член на партија или не, не ме интересира. И родена сестра ако ми е, ако сторила криминал треба да одговора. Овој човек стори криминал и треба да одговара, додаде Мицкоски за лицето што користеше пиштол.