ЕВРОПА ЌЕ БИДЕ ВО СКОПЈЕ, А РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО БРИСЕЛ, ВЕЛИ КОВАЧЕВСКИ

0
40

Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција после гласањето во Собранието истакна дека дојде време да се приклучиме кон европското семејство и да се слушне македонскиот јазик.

„Ние во Собранието зборевме за иднина и да се заборави минатото. Опозицијата продаваше лажен патриотизам. Свиреше и урлаше низ Собрание. Во следните денови и недели ќе пристапиме кон реализација и почеток на преговорите со ЕУ и тоа после цели 17 години. Сакам да ја најавам првата меѓувладина седница, која ќе се одржи на 19 јули. Европа ќе биде во Скопје, а Република Северна Македонија ќе биде во Брисел. Со вас, за вас и во име на нашите предци, за денешните и идните генерации од ова ќе излеземе победници.

Цената на тие заклучоци е заштита на македонскиот јазик. Pреговарачката рамка денеска ја имаме пред нас, во нив јасно е наведен македонскиот јазик без никакви фусноти“, истакна Ковачевски.a