Започна изборната кампања за нов совет на Општина Тетово

0
22

Политичките партии ја започнаа кампањата за избор за нов совет на Општина Тетово, по само десет месеци од одржувањето на локалните избори во Македонија. Интересот за советничките места голем. Ќе се натпреваруваат 11 политички партии и две независни листи. Од општинската изборна комисија велат дека се подготвени целиот изборен процес да помине во мирна фер и демократска атмосфера Изборите велат ќе бидат, успешни, оти за нив не треба да се исполни никаков цензус, а секоја незаконитост, ќе биде строго контролирана и санкционирана.Кампањата ќе трае 19 дена, а изборите ќе се одржат на 20 август во сабота. Советот на Општина Тетово се распушти по само 6 месеци работа, оти советниците не успеаа да ја изгласаат завршната сметка на буџетот, во законски предвидениот рок.

Сакам да ги повикам тетовчани да излезат на вонредните избори на 20 август и да го искористат своето право дадат глас за советниците од СДСМ кои ќе работат посветено и сериозно за потребните на граѓаните на Тетово, истакна денеска од Тетово претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски

Сакам да ги повикам тетовчани да го дадат својот глас за СДСМ за листата со советници и носителот Глигорије Стојановски кој е докажан заедно со другите советници кои се угледни и препознаени имиња подготвени да го дадат својот максимум за Тетово. Тоа се чесни, работливи, одговорни луѓе, Ваши комшии кои знаат се што му е потребно на Тетово, повеќе зеленило, почиста општина, целосна гасификација, намдинување на проблемите со водоснабдувањето но и нов економски развој и подобри услуги кои ќе ги нуди општината на граѓаните.Сето ова преку конкретни проекти е наведено во програмата со која што кандидатите за советници од СДСМ излегуваат на овие избори. Со посветена работа со многу вложен труд и визија за помодерно Тетово сето тоа преточено во конкретни проекти зад кои стоиме и за кои ќе се залагаме како политичка опција за да обезбедиме подобар квалитет за животот на граѓаните на Тетово. Кандидатите за советници се подготвени да работат посветено и одговорно за својата општина за своите сограѓани и дадат свој придонес за развојот на Општина Тетово.СДСМ покажа како се работи чесно, одговорно и домаќински, како и на централно така и на локално ниво во изминатиов период. Наш единствен интерес е добробит на државата и граѓаните, рече Ковачевски.

Во 18 часот е најавено и обраќање на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски кој ќе ја побара подршката од тетовци во пресрет на изборите за нов совет на Општина Тетово.