За едно работно место бил Ром, на друго Турчин, на трето Македонец

0
36

За едно работно место бил Ром, на друго Турчин, на трето Македонски, објави Телма.Ист кандидат на ист оглас на Антикорупциска се пријавил за 5 работни места со три различни изјави за етничка припадност, во зависност како се барало со огласот. Најдобро рангиран бил на позицијата советник за спрчување на корупција како кандидат со ромска националност.

На огласот за советник за информатика технологија победил Албанец кој се пишал како Турчин. Ова е злоупотреба на уставно загарантираното право на етничка припадност како и на алатката за соодветна и правична застапеност на етничките зедници во администрацијата реагираат од ДКСК.

Во антикорупциска одлучиле да не ги вработат овие кандидати но тие два пати се жалееле агенцијата за адимнистрација која ги прифакала нивните аргументи. Вториот пат била поништена одлуката на антикорупциска и сега ДКСК нема избор освен да им им ги отворат ввратите и да станат нивни колеги .

Или надлежните да најдат начин да се спречат злоупотребите или да се укине балансерот за соодветна застапеност на етничките заедници во јавниот сектор бараат членовите на дКСК. Антикорупциска своите идни вработени веќе ги пријавила во обвинителството и очекува исход од овој предмет.

Извор Телма