И МАЛКУТЕ ПАРКИНЗИ КОИ СЕ ВО ТЕТОВО , СЕ ЧЕСТА МЕТА НА ВАНДАЛИ

0
35

Со жалење Ве известуваме дека вандализмот продолжува. За време на празничниот викенд, непознати сторители ја оштетиле наплатната рампа на паркингот кај зелениот пазар во Тетово. Ова се случува втор пат за време на празник, после вандализмот на паркингот кај О.У. “Лирија” кој се случи за време на Рамазан Бајрам, известија од ЈП градски паркинг Тетово

Случајот е пријавен во полиција и очекуваме брза реакција од надлежните, пронаоѓање на сторители и соодветно казнување.
Повторно апелираме до граѓаните да се однесуваат пристојно и да ги чуваат јавните објекти и опрема.Ваквото однесување дава грда слика и не му прилега на нашиот град, додадоа од градски паркинг