Кравињо за преговорите со ЕУ: Не очекувам повторно да се покрене билатералното прашање со Бугарија

0
26

Македонското прашање е заокружена работа – нема очекувања дека Бугарија ќе блокира. Ваква порака испрати шефот на португалската дипломатија Жоао Кравињо во Скопје. Според првиот дипломат на Португалија францускиот предлог е добар затоа што, како што вели, во политиката не е цел да се постигне се, туку тоа што е возможно.

Кравињо денеска сепак не одговори дали во ЕУ се очекува и другите членки да го користат бугарскиот преседан и во иднина да блокираат поради билатерални спорови.

– „Мислам дека е од суштинско значење во меѓународните односи и политика да веруваме на дадениот збор, на ставениот потпис, на преземената обврска. Билатералното прашање за кое интензивно разговараат Северна Македонија и Бугарија е заокружено, има заклучок и заокружувањето на тоа прашање беше одбележано со меѓувладина конференција на 19 јули. Не очекувам ова прашање повторно да се покрене, не гледам причина зошто би се покренало повторно истото прашање. Верувам кога нашите партнери ќе дадат збор, ќе потпишат документи, дека ќе го исполнат“, вели Жоао Гомес Кравињо МНР Португалија.

А министерот Османи кажа дека Бугарија и во 2018та испратила унилатерална изјава за македонскиот јазик, конкретно до Обединетите Нации, веднаш по потпишувањето на Преспанскиот Договор, и дека тие унилатерални изјави, според него – немаат никаква тежина. За македонската изјава за јазикот испратена до Брисел – Османи вели дека е во согласност со Уставот, како и со резолуцијата и заклучоците од Собранието.

– „Унилатерална нота за јазикот Република Бугарија има испратено уште во 2018 година, веднаш по потпишување на Преспанскиот договор штом се запиша во картата на ОН македонски јазик согласно преспанскиот договор, Бугарија испрати унилатерална нота со иста содржина. За жал, тогаш не беше претставена на јавноста, и јавноста не знае дека тоа веќе се случило уште пред пет години за сите држави членки на ОН. Сега се прави и до ЕУ, нота која веќе е испратена во ОН во 2018 која нема никакво правно значење бидејќи Бугарија гласаше за преговарачка рамка во која македонски јазик е чист“, вели Бујар Османи МНР.

Османи денеска порача дека не планира да побара од Софија да се дистанцира и да не го поддржува клубот Ванчо Михајлов во Битола поради името, затоа што вели дека тоа не е говор на омраза од Бугарија туку работа на Историската комисија. Допрва ќе има средба со македонскиот тим историчари во однос на Протоколот. А за референдумот Османи вели дека нема потреба од истиот – затоа што се запазени црвените линии на државата, освен ако прашањето на референдумот гласи Дали треба да се стопира патот кон ЕУ.