НАМЕСТО СПОМЕНИ И ВЕСЕЛБА, СВАДБИТЕ И СУНЕТИТЕ ВО ПОЛОШКО ЗАВРШУВААТ СО ПОВРЕДЕНИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ

0
26

Наместо веселба и убави спомени голем дел од свадбите и другите семејни веселби во полошко завршуваат со повредени и предизвикана материјална штета, поради честата употреба на огнено оружје. Полицијата апелира да не се користи оружје за време на веселбите, дело за кое можат да се одговара и кривино.

Изминатиов викенд малолетник од чаура од куршум испукан на семејна веселба во Тетово, се здоби со повреди на главата. Негова сограѓанка на друга веселба, беше погодена од залутан куршум во пределот на телото.

Свадбени и други церемонии во полошко наместо радост, носат страв, повреди и голем број материјални штети. Се пука од сите страни, ризично е да излезеш и во двор, велат граѓаните. Бараат поголема ажурност од полицијата, за намалување на ваквата појава

Празнувај со срце не со огнено оружје, апелираат од полиција. Делуваме превентивно и репресивно, но се е до свеста на народот, оти не секогаш полицијата може да открие од каде е пукано, кога во една населба има и по неколку свадби.

За пукање со огнено оружје се одговора прекршочно, но и кривично, со затворска казна до 5 години, во зависнот од последиците. Од СВР Тетово велат дека во перидов што следи, ќе ги засилат активности за откривање и санкционирање на нарушувањата на јавниот ред и мир на семејни прослави