НЕ Е ДРЖАВЕН ПРАЗНИК, А НИЗ ТЕТОВО СЕ ВЕАТ ЗНАМИЊА, АМА САМО АЛБАНСКИ

0
31

Со истакнување на Албанското знаме низ главните булевари и свечен концерт, Општина Тетово му оддава почит на братот на Адем Јашари, Рифат Јашари, кој денеска беше прогласен за почесен граѓанин на Тетово.

Иако не е државен празник, булеварите низ Тетово накитени, но Македонскот знаме го немаше, се вееше само Албанското.
Знамето било поставено во чест на прогласувањето на братот на Адем Јашари, Рифат Јашари, кој денеска го прогласивме за почесен граѓанин, кажа првиот човек на Општина Тетово.

Со реакција за незаконското поставување на Албанското знаме излегоа од ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово

-Денес во Тетово, сведоци сме на сериозно непочитување и нарушување на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Македонија.Бараме Владата на Република Македонија веднаш преку МВР да обезбеди доследно почитување и примена на Законот за употреба на знамињата на заедниците, истакнаа од ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово

Денес во општинската сала, се одржа и свеченост по повод доделувањето на титулата на Рифат Јашари, за почесен граѓанин на Општина Тетово. Градоначалникот Касами, истакна дека тој заедно заедно со неговиот кабинет ја донеле оваа одлука, оти како што рече Албанците од Косово и Албанците од Тетово биле поврзани по многу основи.