НЕ ПОБЕДУВА ВО НАТПРЕВАР ЗА УБАВИНА, АМА ВЕ ВОДИ ВО ЕУ, СТАВ НА ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР ЗА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ

0
25

Компромисот преку францускиот предлог не победува на натпревар за убавина, туку е многу европски предлог кој ве носи во ЕУ, вели холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп.

Зборувајќи за реакциите во јавноста и за стравот на Македонците од загрозување на јазикот и идентитетот, тој рече дека „многу емоции не се нешто ново на Балканот“ и дека „драмите никому не помагаат“. Сакаме напредок и стабилност за Македонија, не затоа што ве сакаме, туку затоа што мислиме дека ова е добро и за нас и во наш интерес, рече Јан Коп.
Единствено важно за оваа земја е да се почне.

Политиката на Унијата е билатералните прашања да се решаваат меѓу самите држави и нивните соседи и да немаат место во преговарачкиот процес. Ние ќе го следиме ова, Европската комисија исто така рече дека ќе го следи, па ако можеме да имаме некаков компромис меѓу вас и Бугарија, ова ја отвора вратата и да бидам искрен многу повеќе ме интересира крајот на преговорите. отколку почетокот. Дали една држава, теоретски, може да го блокира процесот? Да. Секое ново поглавје од разговорите е нова политичка одлука, за која е потребен консензус меѓу сите земји членки, но теоретски да кажеме дека во 5,6 или 7 години кога поминувавте низ процесот, сè уште постои проблем, ќе станете Швајцарија“, вели Дирк Јан Коп.