ОСМАНИ – МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ЧИСТ, САМО БУГАРСКИОТ ПРЕСТАВНИК ЌЕ ЗАБЕЛЕЖИ ДЕКА ТОЈ Е ДИЈАЛЕКТ НА БУГАРСКИОТ ЈАЗИК

0
24

Бујар Османи, министер за надворешни работи, ја раскажа историјата за тоа каков бил тврдиот бугарски став за јазикот, а нашата страна вложила огромни напори тоа да не стане и став на Европската унија. Вусност, вели Осмнани, јазикот бил најголемиот проблем во преговорите, и најтешкото прашање.

„Ние не се трудевме да го смениме мислењето на Бугарија, туку да им објасниме на европските партнери дека тоа е неприфатливо. Во преговарачката рамка со ЕУ сега има чиста формулација на македонскиот јазик, без никакви дополнувања. Тоа е така за сите јазици, српскиот, хрватскиот, албанскиот… Сегашниот предлог предвидува дека кога ќе се усвои преговарачката рамка, единствено ќе има забелешка на бугарскиот претставник за македонскиот јазик, и таа забелешка ќе влезе во записникот“, нагласи министерот.

Таа забелешка на бугарскиот претставник ќе биде дека македонскиот јазик е еден од шесте дијалекти на бугарскиот, но од Владата тврдат дека тоа ќе биде само еднаш, значи таа ќе влезе само во записникот при усвојувањето на преговарачката рамка.

Според Османи, ова било најважното прашање што успеала да го издејствува македонската страна.