Пратеник кој три дена е отсутен ќе се казни со 280 денари, а со нула денари оној што се потпишал, а не е во салата

0
18

Доколку ученик не се појави на час, му следува неоправдан, студентот кој нема да дојде на три вежби, не добива потпис и не може да завери семестар. Вработен кој три дена не доаѓа на работа и не го оправда отсуството со лекарска белешка или друго, добива отказ… А дали и која мерка важи за пратениците во македонското Собрание коишто не се појавуваат на седници, иако се запишале како присутни во законодавниот дом?

Ниту завчера пратениците на пленарна седница не гласаа по точките од дневниот ред. Претходниот ден немаше кворум, а завчера немаше мнозинство. Денеска, пак, иако беа популарните пратенички прашања на кои опозицијата ги лови министрите и премиерот, во еден момент имаше само еден опозициски пратеник, потоа и ниеден.

Нема одземање дневница, туку на пратеникот му се одбива само 5 отсто за неоправдано отсуство

На пратениците не може да им се одбие дневница, туку, според Деловникот, на пратеникот кој отсуствува најмалку трипати едноподруго од седниците на Собранието, а за тоа не го известил претседателот на Собранието, му се одбива 5 отсто од платата за секој ден отсуство, за што акт донесува Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Според Правилникот од Законот за плати на пратеници и други избрани функционери, основица за пресметување на платата е просечната исплатена месечна плата по вработен во Републиката за претходната година, според податоци на ДЗС.

Коефициентите за утврдување на надоместоците на плата и на плата изнесуваат од 2,20 до 4,50. Па, за пратеник коефициентот е 3,5, додека за претседател на Комисија е 3,7 и тој коефициент се множи со просечната плата. Лани во мај просечната плата изнесувала 28.721 денари, а годинава 31.407 денари.

Повеќе на линкот на Нова тв

Пратеник кој три дена е отсутен ќе се казни со 280 денари, а со нула денари оној што се потпишал, а не е во салата